| Заболувањата 
                    во устата и атеросклерозата Здравјето 
                    на устата и забите е директно поврзана со појавата на атеросклерозата.
 При оваа хронична болест доаѓа до промени на крвните садови 
                    - нивно стеснување и намалување на нивната еластичност. Овие 
                    процеси се резултат на натрупување на масти, холестерол, клеточни 
                    продукти и калциум во ѕидот на крвните садови во вид на т.н 
                    „плаки“. Како резултат на овие промени, се зголемува ризикот од формирање 
                    тромби (згрутчена крв) во крвните садови, како и нивно пукање 
                    и крварење. 
                    Здравјето 
                    на ткивата во усната празнина е директно поврзано со атеросклерозата 
                    и компликациите од неа:
 Периодонталните заболувања го зголемуваат ризикот 
                    од атеросклеротични промени на крвните садови поради присуството 
                    на вирулентни бактерии кои често доаѓаат и во општиот крвоток. Покажано е дека во 40% од случаите при четкање 
                    на забите, кај луѓето со заболувања на периодонталните ткива, 
                    може да се докаже присуство на бактерии во крвта. Ова значително 
                    го зголемува ризикот од атеросклероза како и брзината на нејзиното 
                    развивање. Најдобар начин за спречување на овие проблеми е со редовно одржување 
              на хигиена на ткивата во усната празнина и водење грижа за здравјето 
              на забите. На иста тема: BBC 
        News: Tooth-brushing 'cuts heart risk'
   |