Stomatolog.com.mk - Д-р Нечаковски - Вашиот стоматолог на интернет  
 
Локација
Работно време
Услуги
Персонал
Вработување
Контакт
PRESS
За сајтот..
Ласерска
терапија (LLLT)
Порцелански
изработки
Продолжување на
клиничката коронка
За хијалуронските
полнители (филери)
За амалгамските
пломби
Имплантација
на заби
Фокални
заболувања
За кариесот
Пародонтопатија
Градба на забите
Бременоста и
  забите
Исхраната и
кариесот
Атеросклероза
За проблемите со
виличниот зглоб
Страв од
стоматолог
За хигиената
на устата
Криви заби
Фиксни протетски
  изработки
Забни протези
..за пирсингот
..за млечните заби
..за пломбирањето
Кандидијаза
Дијастема
Забна ерозија
Естетска стоматологија
-
Master Card
 
VISA
-
-
Естетска стоматологија

Интервју на Д-р Александар Нечаковски за весникот Капитал - Април 2014

Kaква е во моментот побарувачката на естетски стоматолошки услуги во земјава и каков е трендот во споредба со претходните неколку години?

Естетската стоматологија е една стоматолошка област за која има значителен интерес од страна на пациентите а во исто време e област во која има големи иновации и брз напредок кој се случува практично пред нашите очи. Оваа мултидисциплинарна област која вклучува тераписки постапки постапки кои спаѓаат во стоматолошката протетика но исто така и од реставративната стоматологија, периодонтологијата и ортодонцијата е област на голем интерес кај пациентите и поттик кај стоматолозите за следење на светските новитети.

Исто така, очекувањата на пациентите во однос на естетиката при сите стоматолошки услуги се повисоки од претходно што значи дека се повеќе од стоматолозите се бара да направат хармонија помеѓу функционалноста и естетиката на решенијата кои ги нудат.

Естетска Стоматологија

Кои стоматолошки услуги се најбарани? Во рамки на естетските, кои зафати се најбарани?

Во нашата средина најбарани услуги се тие од реставративната стоматологија и од стоматолошката протетика, што одговара на најчестите стоматолошки проблеми кај населението во Македонија – кариесот и пародонтопатијата кои доведуваат до делумно или целосно губење на забите. Кога се зборува за естетските услуги, обично се мисли на услуги кај пациенти кај кои причината за барање на помош од стоматолог е лошиот изглед на забите и насмевката. Овие услуги се движат од најконзервативни како избелување на забите и естетски корекции со композитни или порцелански ламинати-винири , преку изработка на целосно-керамички и циркониумски коронки па се до целосно решавање на оклузијата со интервенции на забите од двете вилици со употреба на ортодонтски, хируршки, пародонтолошки и како круна на се –естетски протетски услуги.

Како стои Македонија генерално во однос на примената на најновите стоматолошки методи и материјали и што во таа насока е најново на нашиот пазар?

Во Македонија постојат ординации и стоматолози кои ги исполнуваат највисоките европски и светски стандарди за стоматолошки услуги. Зборувајќи од мое лично искуство огромен чекор напред е користењето на CAD/CAM технологијата за изработка на протетски надоместоци, при што се добива неверојатна прецизност и се скратува драстично времето кое е потребно за целосната терапија. Модерната стоматологија се повеќе е синоним за компјутеризирана, дигитална стоматологија и за среќа и на стоматолозите и на нашите пациенти, таа е секојдневие и кај нас.

автор на тестот: д-р Александар Нечаковски
13.04.2014
последна измена: 05.07.2020

 

 

Верзија за печатење Покани пријател да ја види оваа страница
Twitter Share

 
Стоматолошка ординација Д-р Нечаковски Ул. Филип Втори Македонски 54-1/1 Битола Тел. 047-254528, 070-312-264, 075-306-509