Stomatolog.com.mk - Д-р Нечаковски - Вашиот стоматолог на интернет  
 
Локација
Работно време
Услуги
Персонал
Вработување
Контакт
PRESS
За сајтот..
Ласерска
терапија (LLLT)
Порцелански
изработки
За хијалуронските
полнители (филери)
За амалгамските
пломби
Имплантација
на заби
Фокални
заболувања
За кариесот
Пародонтопатија
Градба на забите
Бременоста и
  забите
Исхраната и
кариесот
Атеросклероза
За проблемите со
виличниот зглоб
Страв од
стоматолог
За хигиената
на устата
Криви заби
Фиксни протетски
  изработки
Забни протези
..за пирсингот
..за млечните заби
..за пломбирањето
Кандидијаза
Дијастема
Забна ерозија
Естетска стоматологија
-
Master Card
 
VISA
-
-
Како да го надминете стравот од стоматолог

Разговарајте со вашиот стоматолог
Пред почетокот на интервенцијата прашајте го за нејзиниот тек и процедура. Современите стоматолошки постапки ја сведуваат болката на апсолутен минимум а вашето знаење за текот на интервенцијата ќе ви помогне подобро да се подготвите за неа.

Посетувајте го стоматологот навреме
Навремените посети и контроли од стоматологот ќе помогнат аномалиите или заболувањата да се откријат и третираат навреме а нивните компликации да се спречат. Со тоа ќе се избегнат посложени (и поскапи) стоматолошки интервенции.

Најдете стоматолог на кој му верувате
Доколку се плашите од вашиот стоматолог, можеби треба да побарате друг. Односот со стоматологот е нешто лично и пред се треба да имате доверба во него. Иако сите (веројатно :) ја имаат професионалната стручност, секој стоматологот има и личен пристап кон пациентите, пристап кој во одредена мерка произлегува од неговиот карактер (сите ние сме различни!) - и не е тајна дека со некои типови на карактер подобро се согласуваме отколку со други.

Започнете со мали чекори
Доколку поминало долго време од вашата последна посета, и во меѓувреме сте собрале премногу страв - започнете со мали чекори. Закажете обичен преглед, без никаква планирана интервенција. Контролниот преглед, евентуално со изведување на рендген дијагностика е лесен начин повторно да се навикните на посетување на стоматолог.

Следната посета нека биде превентивна интервенција - чистење и полирање на забите (исто така неинвазивна терапија). Не чекајте итна потреба кога поради болка или неодложна потреба ќе морате да го посетите стоматологот и веројатно ќе биде потребно да се изведе некоја (непријатна) интервенција за санирање на болката

Како да не го пренесете вашиот страв од стоматолог на вашето дете

Однесете го на контрола барем еднаш до неговата 2-годишна возраст
....

Најдобро е детето да биде во друштво на некој кој не се плаши од стоматолог
Доколку вие премногу се плашите, можно е несвесно да го покажете стравот - затоа е подобро детето да дојде на првите посети со некој кој нема страв. Поголеми брачиња, сестри, другиот родител или баба/дедо се добри придружници пред кои на детето можеби ќе му биде срам да покаже страв

Потенцирајте ги позитивните работи, а не ги негирајте негативните
Посетата на стоматолог опишете ја како "интересна", "забавна" и поттикнете го вашето дете да се интересира за процедурите и апаратите кои се користат. Голем број деца се интересираат за "ласерот за чистење на црните точки на забите" или "пиштолот на вода". дефинитивно немојте да користите описи како "нема да боли" или "нема да тече крв" затоа што од ова детето ќе запомни "....боли" и "....крв".

автор на тестот: д-р Александар Нечаковски, 20.06.2004
последна измена: 01.04.2020

 

 

Верзија за печатење Покани пријател да ја види оваа страница
Twitter Share

 
Стоматолошка ординација Д-р Нечаковски Ул. Филип Втори Македонски 54-1/1 Битола Тел. 047-254528, 070-312-264, 075-306-509