Stomatolog.com.mk - Д-р Нечаковски - Вашиот стоматолог на интернет  
 
Локација
Работно време
Услуги
Персонал
Вработување
Контакт
PRESS
За сајтот..
Ласерска
терапија (LLLT)
Порцелански
изработки
Продолжување на
клиничката коронка
За хијалуронските
полнители (филери)
За амалгамските
пломби
Имплантација
на заби
Фокални
заболувања
За кариесот
Пародонтопатија
Градба на забите
Бременоста и
  забите
Исхраната и
кариесот
Атеросклероза
За проблемите со
виличниот зглоб
Страв од
стоматолог
За хигиената
на устата
Криви заби
Фиксни протетски
  изработки
Забни протези
..за пирсингот
..за млечните заби
..за пломбирањето
Кандидијаза
Дијастема
Забна ерозија
Естетска стоматологија
-
Master Card
 
VISA
-
-
Порцелански коронки, мостови (фиксни протетски изработки)

Термините кои најчесто се користат - порцелански коронки и порцелански мостови се однесуваат на изработки од доменот на фиксната стоматолошка протетика, а исто така се нарекуваат и керамички изработки. Во зависност од типот на порцелан/керамика, индикацијата (потребата да се санира одреден проблем), во стоматологијата постојат

целосно порцелански/керамички изработки (инлеи, онлеи, ламинати/винири, коронки, мостови)

метал-керамички изработки (коронки, мостови)

цирконија-керамички изработки (инлеи, онлеи, ламинати/винири, коронки, мостови)

Порцеланските маси кои се употребуваат во стоматологијата претставуваат мешавина на неколку минерали (кварц, фелдспат и каолин) во форма/сооднос кој им дава потребни механички и естетски својства за нивната употреба во стоматологијата.

Порцеланските изработки (коронки, мостови, фасети) ги имаат следните добри особини:

Врвен квалитет во изгледот- при што добиената боја, нијансирање, провидност, форма, и структура е најблиска со таа на природните заби. На овој начин порцеланските изработки најлесно естетски се вклопуваат во изгледот и практично се незабележителни.

Хемиска постојаност во устата - порцеланските маси не стапуваат во хемиски реакции со плунката, забите, пломбите или други метални конструкции во устата, ниту со храната која се внесува. На овој начин тие ја задржуваат својата функција и изглед многу подолго, и функционираат подобро.

Индиферентен однос кон гингивата - Порцеланските маси не ги дразнат непцата со што се продолжува нивниот век на носење. Нивната биолошка компатибилност, ускладеност го олеснува прифаќањето на овие изработки од страна на околните ткива.

Полесно одржување - Површината на порцеланските изработки е стаклесто мазна со што на нив помалку се задржуват наслаги (Сепак одржувањето на редовна хигиената е важна за продолжување на нивниот век на употреба)

Мала спроводливост на топлина -со што индиректно се штити забната пулпа од топлинските промени ( топло, ладно ) во усната празнина.

Иако имаат одлични својства, овие изработки не се совршени. Нивни недостатоци се:

Изработката на порцеланските мостови и коронки е посложена – а со тоа е и поскапа

Овие изработки имаат голема тврдина поради што изостанува физиолошката абразија на фасетираната џвакална површина.

Порцеланските маси имаат мала еластичност поради што треба да се внимава да не дојде до пукање на материјалот – потребна е грижа од страна на пациентот.

Во случај на оштетување потешко е да се изврши поправка на порцеланските изработки.

 

автор на тестот: д-р Александар Нечаковски
последна измена: 24.02.2005

 

 


 
Стоматолошка ординација Д-р Нечаковски Ул. Филип Втори Македонски 54-1/1 Битола Тел. 047-254528, 070-312-264, 075-306-509